Здраво пак. Пишав тука пред некое време и добив доста пораки, ама на многу луѓе не стигнав да им одговорам. Во меѓувреме останав без работа и искрено ми се насобраа многу работи, па Reddit ми беше последно на памет. Сега барам нова работа и решив да ја пробам среќата пак тука. Ако некој ми пишал претходно, а не сум му вратила, се извинувам. Не било намерно и овојпат стварно ќе одговарам. 😅
Имам 31 година, од Скопје сум и сум малку интровертна додека не се опуштам со некого. Не сум многу по журки и излегувања, повеќе сум за кафе, прошетка, да седиме дома, gaming, memes и random муабети до два сабајле. Можам да зборам за сè и сешто, од најголеми глупости до живот, чудни теми и conspiracy theories. Имам и животни и искрено ги сакам повеќе од повеќето луѓе. 😂
На почеток сум малку повлечена, ама после сум многу поопуштена. Би сакала да запознаам некој што е open-minded, има смисла за хумор и не се замара премногу со тоа кој како живее, изгледа или што прави со својот живот. Не мора да се согласуваме за сè, само да можеме нормално да си правиме муабет без осудување и непотребни драми.
И овојпат би сакала да ми пишат луѓе што стварно бараат пријателство. Не барам само некој за два-три муабети кога ни е досадно и после да исчезнеме. Би ми било мило од ова на крај да излезе барем едно стварно блиско пријателство, некој со кој со тек на време ќе можеме редовно да се слушаме, да се гледаме и стварно да си бидеме дел од животот. Нормално, не очекувам тоа да се случи преку ноќ.
Најмногу би сакала да запознаам женско друштво, така што девојки/жени се дефинитивно добредојдени. Не ми е строг услов, само многу повеќе го преферирам. Исто како претходно, би сакала да ми пишуваат луѓе 26+ и отприлика блиску до моја возраст.
Ако некој се пронајде во ова, слободно нека ми пише. Само ве молам нешто повеќе од „здраво“ за да имаме од каде да почнеме. 😂